Триумф на Тотенхем со јужнокорејски „шмек“: Два гола на Сон Хунг-Мин…(видео)

Кореецот Сон Хунг-Мин е творец на победата на Тотенхем во 29. коло од Премиер лигата.

Во битката за водечките четири позиции кои водат следната сезона во Лигата на шампионите, Тотенхем дојде до триумф од 2-0 против Хадерсфилд благодарение на двата гола на репрезентативецот од Јужна Кореја, Сон Хунг Мин. Првиот во 27. а вториот во 54. минута од средбата…


Од денешните попладневни натпревари убедлив триумф запиша Свонси од 4-1 против Вест Хем.

РЕЗУЛТАТИ – 29. КОЛО

Лестер – Бурнмаут 1-1

Саутемптон – Стоук 0-0

Свонси – Вест Хем 4-1

Тотенхем – Хадерсфилд 2-0

Ватфорд – ВБА 1-0

Ливерпул – Њукасл (18:30 ч.)

ТАБЕЛА: Манчестер сити (-1) 75 бода, Манчестер јунајтед (-1) 59, Тотенхем 58, Ливерпул (-1) 57, Челси (-1) 53, Арсенал (-1) 45, Барнли 40,…

Се вчитува...