Елиф Елмас дефинитивно си замина од Наполи и се врати назад во Лајпциг, јасно е дека германскиот клуб не смета сериозно на македонскиот „дијамант“, но Елиф е на цена на фудбалскиот пазар, па веќе доби неколку интересни понуди.
Астон Вила е клубот што во моментов води во трката по Елмас, откако актуелниот освојувач на Лигата на Европа ги интензивирал преговорите за да го доведе нашиот ас во своите редови. Вила се подготвува на продажба на Роџерс за над 80 милиони евра (Арсенал и Манчестер Сити се интересираат за овој фудбалер), а Унаи Емери верува дека тој дел од тимот би можел да биде покриен токму од Елмас.
Засега нема конкретни информации дали ќе се испрати понуда за позајмица или пак за перманентен трансфер, но од Вила ќе се обидат доаѓањето на Елмас да го договорат пред почетокот на мундијалот, по што вниманието би го насочиле кон останатите желби на пазарот.
Доколку трансферот се реализира, Елмас ќе може повторно да биде дел од Лигата на Шампионите, откако и претходно настапуваше во елинтото европско натпреварување како член на Лајпциг и на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
