Тренерот на Елмас фасциниран: Прекрасно е да си тренер на Наполи, сите играчи се многу важни

Елиф Елмас и компанија продолжуваат да редат победи во италијанската Серија А, а најновиот триумф го запишаа над Болоња откако на домашен терен ја совладаа со 3-2.

Гостите се покажаа како незгоден ривал, водеа со 0-1 во Неапол, потоа се вратија по пресвртот на домаќините за 2-2, за на крај фавориот да го каже последниот збор преку Осимен, гол вреден за победа и нови три бода. По овој натпревар свој коментар даде и Лучијано Спалети, кој не ја криеше својата радост.

„Најважно беше да ја смениме инерцијата во играта. Секогаш пристапуваме на ист начин, се обидуваме да ја внесеме топката во шестнаесетникот, овие мечеви на домашен терен се многу важни и постои ризик тимот да се опушти … Беше убаво да се види како по грешките веднаш ја враќавме топката. Тоа ме натера да мислам дека е прекрасно да се биде тренер на овие момци. Уште еднаш, играчите кои влегоа од клупата се покажаа како одлучувачки на крајот, па можат да бидат позначајни отколку да се стартери. Сите се вклучени во овие успеси“, изјави Спалети.

Се вчитува...