Трофејот од Суперкупот на Европа пристигна во Скопје (ФОТО)

Трофејот за Суперкупот на Европа пристигна во Скопје, а сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да го споделат задоволството за фотографија со овој вреден пехар. На 8. август 2017 година, Скопје ќе биде домаќин на грандиозниот фудбалски настан, Суперкупот на Европа, кога на нашата „Телеком Арена“ силите ќе го одмерат годинашниот победник во Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа.

„Младите и возрасните ѓраѓани на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА Суперкуп – трофејот“, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија, за официјалниот сајт.

superkup trofej 2

Премиерно, УЕФА Суперкуп трофејот ќе биде претставен на Грасрут настанот во организација на ФФМ, односно почетокот на пролетната полусезона во Детската ФФМ лига.

В сабота, на 18. март 2017 од 09 до 18 часот сите фудбалски вљубеници имаат покана да дојдат на платото пред „Куќа на фудбалот“. Трофејот ќе биде изложен на специјално брендирана поставка, а ангажиран е официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

Се вчитува...