Манчестер Сити тргна моќно во новата сезона со убедлив триумф над Вулверхемптон, но „граѓаните“ утре ќе имаат уште посериозен предизвик, на домашен терен против екипата на Тотенхем.
Пеп Гвардиола се надева на добра игра и триумф на својот тим, а добра вест за „граѓаните“ е што тројца стандардни првотимци ги надминаа проблемите со повредата и ќе бидат во тимот против „спарси“. Родри и Фил Фоден речиси сигурно ќе бидат стартери на саботното дерби, додека „фит“ е и голманот Едерсон, коој ќе се бори за првотимски статус со Трафорд.
„Родри и Фоден не играа во првото коло бидејќи беа надвор од посаккуваниот ритам. Во последните денови тренираа со полна пареа и сигурно ќе играат против Тотенхем. Задрав е и Едерсон, а утре наутро ќе решиме дали ќе брани тој или Трафорд“, изјави Гвардиола.
Ова значи и сериозно намалување на „пациенти“ во „болницата“ на Манчестер Сити, каде сега се наоѓаат само уште Ковачиќ, Гвардиол и Савињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

