Фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да се квалификуваат за Лигата на Европа, откако загубија од Викторија Плзењ со вкупен резултат 5-4.
По триумфот на црвено-белите во Белград (3:-0), Викторија го доби реваншот по продолженија со резултат 5:-1 и со тоа обезбеди понатамошен пласман.
Срамен пораз на Црвена Звезда која во регуларниот дел имаше негатива од 4-1, откако на домашните во второто полувреме им досудени дури три пенали.
За неуспехот „придонесе“ и Осман Букари, кој доби непотребен црвен картон при резултат 1-1, по што белграѓани од 63. минута играа со фудбалер помалку.
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров беше на клупата на „црвено-белите“ но не доби можност за настап.
Па, Црвена Звезда сега ќе игра во Конференциската лига, каде ќе биде и македонскиот репрезентативец Растодер со својот Панатинаикос успеа да слави по продолженијата со 1-2 против Храдец Кралове во Чешка. Растодер не настапи, останувајќи само на клупата за резервни играчи.
Место во групната фаза од Конференциската лига обезбеди и сплитски Хајдук, кој одигра вторпат идентично (2-2) против Раков од Полска, овој пат на гости, но во дополнителните 30 минути успеа да постигне гол и да обезбеди европска есен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
