ЦАС без милост – Пливачот Сун Јанг суспендиран на осум години

Еден од најдобрите светски пливачи Кинезот Сун Јанг ќе мора присилно да ја заврши богатата кариера откако доби суспензија на осум години. Во 2018 година Јанг и неговите тренери ги скршија епруветите со примероци кои раководните лица на Меѓународната антидопинг агеција (ВАДА) требаше да ги испратат на анализа. Информацијата ја откри британскиот Сандеј Тајмс кој потоа беше соочен со тужба од страна на Јанг за навреда и клевета.

Подоцна ФИНА потврди дека само еден тестер имал акредитација за поставување анализа, а по консултацијата со тренерите и адвокатите, Сун не дозволил примерокот да биде изнесен од неговата куќа. ФИНА го ослободи Јанг од обвинувањата и му дозволи настап на Светското првенство минатата година, но ВАДА упати жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) која донесе одлука со која Јанг добива осум годишна суспензија.

Јанг е освојувач на три златни медали од ЛОИ и единаесет светски титули.

 

Се вчитува...