Фудбалското семејство на Ајакс се уште е во шок по трагичниот настан на пријателскиот меч со Вердер, кога 20-годишниот Абделхак Нури колабираше на теренот. Лекарите успеаја да му го спасат животот на Нури, но тој има сериозни оштетувања на мозокот поради што се уште се наоѓа во болница, неподвижен, не може да зборува и не ги препознава членовите на своето најблиско семејство.
Во текот на вчерашниот ден целиот тим на Ајакс дојде во посета на својот соиграч, тука беа и неговите родители, а пред болницата се собраа над илјада фанови на холандскиот гигант кои му изразија поддршка на 20-годишното момче во најважната борба.
Течеа солзи на сите страни, кај фановите, родителите и фудбалери, па еден навивач и подари на мајката на Нури маица со зборови за поддршка за фудбалерот, во борбата што сигурно ќе продолжи во периодот што следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА