Третиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс понуди многу возбудувања на паркетот, но еден детал од трибините успеа да засени речиси сè што се случи во текот на вечерта.
Во центарот на вниманието повторно беше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој го следеше натпреварот во живо од ВИП ложата во легендарната сала „Медисон Сквер Гарден“.
Неговото доаѓање беше една од главните теми неколку часа пред почетокот на натпреварот, а безбедносните мерки околу салата беа подигнати на највисоко можно ниво.
Некои улици во близина на стадионот беа затворени, додека навивачите мораа да поминат низ дополнителни безбедносни проверки пред да влезат.
Појавувањето на Трамп на големото платно предизвика поделени реакции кај публиката.
Додека некои извикуваа слогани за поддршка, други го поздравуваа со свирежи, па атмосферата беше доста интересна во одредени моменти.
Сепак, она што следеше за време на натпреварот привлече уште поголемо внимание на јавноста.
На социјалните мрежи почна да се шири видео на кое се гледа како Трамп во еден момент седи со затворени очи во својата ложа.
Тоа беше доволно за илјадници интернет корисници да почнат да шпекулираат дека претседателот бил совладан од замор за време на финалето на НБА.
DONALD TRUMP HAS FALLEN ASLEEP AT THE NBA FINALS IN MADISON SQUARE GARDEN. pic.twitter.com/rFrW6c4cME
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) June 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
