Лука Дончиќ се однесува како вистински лидер на Лос Анџелес лејкерс откако словенечката суперѕвезда го поканила целиот тим на „езерџиите“ да дојде во неговата татковина во текот на месец август.
Идејата е предвидена како „тим-билдинг“ пред официјалниот старт на подготовките за новата сезона, што ќе послужи за што побрза адаптација на новите кошаркари кои пристигнаа во Ел-еј летово.
Идејата на Дончиќ е целата екипа да мине најмалку пет дена заедно, комбинација од тренинзи, голф-турнир, прошетки низ Љубљана и Словенија и пред се – зближување пред вистинскиот старт на подготовките.
Идејата била прифатена без размислување и од управата на клубот и од сите кошаркари, но засега се држи во тајност точниот датум на почетокот на овој „камп на ЛА Лејкерс во Словенија“, како и локацијата каде ќе бидат сместени кошаркарските ѕвезди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
