Цела Англија е гневна на Грем Потер

Челси во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Шампиони славеше против Динамо Загреб со 2-1. Хрватскиот тим прв поведе преку Петковиќ во 7. минута, но веќе до 30. минута преку Стерлинг и Закарија, англискиот состав успеа да направи целосен пресврт.

Навивачите на Челси, но и Англичаните се гневни на тренерот Грем Потер кој во натпревар без резултатско значење не ги одмараше главните играчи со што ризикуваше повреда. До тоа и дојде на самиот крај кога репрезентативецот Бен Чилвел се пожали на повреда на тетивата на коленото, а по натпреварот се движеше со петерици.

Тој најверојатно ќе го пропушти Светското првенство, нешто што потврди и самиот Потер на пресконференцијата за медиуми.

„Мораме да направиме дополнителни прегледи, но воопшто не е позитивно. Во ваква позитивна веечр тоа е последното нешто што сакавме да се случи“, изјави младиот стратег.

Незадоволството навивачите го искажаа на социјалните мрежи каде се зачудени од одлуката клучните играчи да добијат шанса во натпревар во кој и да претрпеше пораз Челси повторно ќе биде лидер на групата.

„Потер мора да објасни што правеше. Ужасна одлука да се форсираат клучните играчи на небитен натпревар пред ваков луд распоред. Најглупа одлука што сум ја видел досега“

„Тотална глупост e да ги ставиш Маунт, Чилвел, Кулибали и Силва во првиот состав на толку небитен натпревар. Овој Потер не знае што прави“.

До почетокот на Светското првенство Челси го очекуваат натпревари против Арсенал, Манчестер Сити и Њукасл на кои покрај Чилвел „синтие“ нема да сметаат ниту на Канте, Фофана и Џејмс.

Се вчитува...