Цела Барселона се потсмева со Сетиен по синоќешната негова изјава: „Среќен сум, напредуваме…“

Барселона синоќа и дефинитивно ја загуби битката за титулата во Ла Лига која во своите витрини ја врати Реал Мадрид. Но, на сето незадоволство, навивачите на Барса барем успеа убаво да ги изнасмее тренерот Кике Сетиен кој по синоќешниот пораз и загубен трофеј порача дека е среќен затоа што неговиот тим напредува.

„Јас сум најодговорен за лошите резултати, но и секој друг мора да ја понесе својата одговорност. Сигурен сум дека во Лигата на шампионите и следната сезона ќе бидеме друг тим. Може да кажам дека сум среќен поради многу работи кои ги гледам во тимот. Откако дојдов многу напредуваме. Гледам дека напредуваме и на последните дуели“ – истакна Сетиен по синоќешниот пораз од Осасуна и сите ги изнасмеа.

За Барселона сега останува единствена шанса трофејот во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде и последна можност за Сетиен да ја зачува работата во Барселона и за следната сезона.

Се вчитува...