Целосен договор: Квадрадо потпишува за Интер

Хуан Квадрадо и Ромелу Лукаку влегоа во војна пред самиот крај на полуфиналето од Купот на Италија меѓу Интер и Јувентус, но откако страстите се смирија, сега двајцата фудбалери се подготвени за „предавство“ и трансфер во таборот на омразениот клуб.

Лукаку веќе ги разочара „нероаѕурите“ откако паралелно со нив преговараше и со Јувентус, па белгискиот ас сега се наоѓа многу блиску до потпис со „старата дама“.

Од друга страна, Квадрадо по заминувањето од Јувентус како слободен играч беше поврзуван со клубови надвор од Италија, но десниот бек во меѓувреме се премисли и реши да остане на Апенинскиот полуостров, и тоа во таборот на опмразениот ривал. Интер експресно ги договори личните услови, па колумбискиот ветеран ќе потпише едногододишен договор за плата од 2,5 милиони евра, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Се вчитува...