Барселона паралелно со потрагата по наследник на Левандовски бара и нов централен дефанзивец кој би играл стандардно крај Кубарси, а прва желба на тренерот Флик е Ејмерик Лапорт, искусниот фудбалер кој стандардно беше крај Кубарси во шпанската репрезентација при мундијалскиот успех летово.
Каталонците не го кријат интересот, но сериозен проблем е сумата што ја бара неговиот клуб Атлетик Билбао, познат по тоа што тешко попушта во преговорите за продажба на своите фудбалери.
Атлетик веднаш по мундијалот испрати порака дека Лапорт не е на продажба, но откако самиот фудбалер побара да му се даде шанса за трансфер тимот од Билбао се јави со својата проценка – поранешниот ас на Манчестер Сити чини 80 милиони евра.
Ако се знае дека Барса планираше да потроши двојно пониска сума, тешко е да се поверува дека двата клуба ќе успеат да најдат заеднички јазик, па многу пореално е каталонците да тргнат по другите опции на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
