Циркус – Алиоски го „тролаше“ Барнли (видео)

Езгијан Алиоски беше во центарот на вниманието на денешниот дуел меѓу Барнли и Лидс, македонскиот репрезентативец имаше големо промашување во првиот дел, потоа асистираше при вториот гол на Харисон, за на крајот да најде време и за „тролање“ на противничките фудбалери.

Домаќините беа нервозни поради негативата, Мекнил влезе во конфликт со Алиоски по еден старт со него, но реакцијата на Џани беше во најмала рака – оригинална…

Целата ситуација беше гледана со ВАР, но откако беше утврдено дека не се прекршени правилата, Алиоски доби само опомена од главниот судија, во друштво на капитенот на Лидс, Ејлинг.

Се вчитува...