Циркус-коментар: „Нарачано од Скопје… Зошто скопјани не си направат нивна скопска лига па да си играат самите?“

И тоа го има… На официјалниот јутјуб-канал на Кошаркарската федерација (КФСМ) кој во живо ги пренесува првенствените натпревари од Првата македонска кошаркарска лига, коментар против самата Кошаркарска федерација!?

На натпреварот од 11. коло меѓу Еуро Никел од Кавадарци и ТФТ од скопски Карпош, коментаторот на натпреварот очигледно не беше задоволен од судењето па се одлучи да се впушти во „сериозни“ теории на заговор за нарачани „скопски шеми“ кои ете цела енергија ја вложиле за Еуроникел да го загуби натпреварот од ТФТ.

„Браво судии. Ако треба да победи ТФТ кажете да не се мачиме сите овде… Нарачано од Скопје. Скопските судии си ја бркаат работата, и сега шо сакате вие бунете се, шо сакате правете…. Господата од Скопје не судат тоа што треба затоа што станува збор за нивна, скопска екипа. Се прашувам зошто скопјани не си направат нивна скопска лига па да си играат самите“ – беа дел од коментарите за време на видео-преносот во живо на официјалниот канал на КФСМ.

Се вчитува...