Циркус на тренингот на Интер: Боксерски меч Конте против Лаутаро Мартинез (видео)

Одличната е атмосферата во таборот на Интер по освоената титула и покрај инцидентот за време на синоќешното дерби со Рома, кога Лаутаро Мартинез влезе во конфликт со тренерот Антонио Конте по неговата одлука да го повлече аргентинскиот голгетер од игра.

Лаутаро по мечот се извинил за однесувањето пред соиграчите, но „нероаѕурите“ го одбележаа овој конфликт – организирајќи бокс меч на почеток на денешниот тренинг.

И Лаутаро и Конте се појавија со боксерски ракавици, улогата на „церемонијал – мајстор“ му припадна на Ромелу Лукаку, додека останатите фудбалери гледаа сеир од страна.

Се вчитува...