Циркус: Реал бара од УЕФА да одземе 23 трофеи на Барса

Флорентино Перез ја продолжува жестоката војна со Барселона, а првиот човек на Реал по триумфот на вчерашните претседателски избори се реши да отиде чекор напред  – и во целиот случај да ја вклучи и УЕФА.

Мадридските весници „Ас“ и „Марка“ информираа дека најтрофејниот европски клуб утрово испратил допис до европската куќа на фудбалот во која бара не само Барселона да биде исклучена од европските натпреварувања за следната сезона, туку и да и бидат одземени вкупно 23 трофеи, освоени во периодот од 2001 до 2018 година.

Причината е добро позната – скандалот Негреира во кој каталонците беа обвинети дека вршеле исплати на сметката на потпретседателот на судиската организација Хосеу Негреира, кој беше на оваа функција од 2001 до 2018 година. Во овој период Барса освои дури девет титули во Ла Лига, шест во Копа дел реј и осум Супер-купови во Шпанија.

Во истиот период Барса стигна и до четири титули во ЛШ, но барањето на Реал се однесува само на трофеите освоени на шпанската фудбалска сцена.

Во ситуација кога шпанските власти ја затворија истрагата не прогласувајќи ги каталонците за виновни повеќе од јасно е дека УЕФА нема да дојде до ништо поразлична разврска, но едно е јасно – Флорентино прави се за од Барса да направи смртен непријател.

Се вчитува...