Циркус во Шпанија: Судија отсвири крај, па потоа од соблекувална ги вадеше фудбалерите да доиграат уште една минута

Фудбалерите на Севилја славеа против Гранада со 2-1 во натпревар од 32. коло во шпанската Ла Лига.

Севилја успеа да дојде до победа останувајќи во трката за шампион на Шпанија, сега со само бод помалку од Реал Мадрид и Барселона, како и три помалку од лидерот Атлетико.

Но, вистински циркус се случи на крајот од дуелот. Главниот судија Бенгоечеа го продолжи натпреварот за четири минути, но по само три минути продолжение неочекувано означи крај на дуелот. Пооделни играчи веќе се упатија кон соблекувалните за да Бенгоечеа добие информација од ВАР-собата дека прерано свирел крај. И главниот судија се одлучи од соблекувална да ги врати фудбалерите на терен и да доиграат уште една минута.

Се вчитува...