Циципас шокиран уште на стартот во Мадрид, Синер лесно против Сонего

По двете финалиња во Монте Карло и во Барселона, Стефанос Циципас доживеа шок уште на стартот од своите натпревари на АТП турнирот во Мадрид.

Циципас во 2. коло (прво за него) загуби од Бразиилецот Тиаго Монтеиро со 6-4 и 6-4, па неочекувано рано доживеа елиминација во Шпанија.

Италијанецот Јаник Синер, пак, беше извонреден на денешниот натпревар убедливо славејќи против  сонародникот Лоренцо Сонего во два сета, со 6-0 и 6-3.

Се вчитува...