Црн Дрим „собра“ кошаркар на конкурентот – Војче Лефкоски доаѓа во Струга

Новалијата во Првата лига, Црн Дрим во продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на Војче Лефкоски, кој во Струга доаѓа од редовите на Вардар. На шест одиграни натпревари за „црвено-црните“, 29-годишниот крилен играч бележеше просек од 7.0 поени и 1.0 скок по натпревар, а најдобриот натпревар го одигра токму против стружани кога во единствената победа на тимот од „Кале“ забележа 20 поени и 6 скока.

Покрај Македонецот, во битката за опстанок тренерот Петар Чочороски ќе може да смета на американското бековско дуо Треј Мекбрајд и Џејмс Каухерд, кој впрочем и веќе одигра два натпревара за Црн Дрим, но сега по пробниот период постигна договор со клубот.

 

Новите засилувања на К.К Црн Дри

Posted by Кошаркарски Клуб Црн Дрим on Tuesday, January 12, 2021

Се вчитува...