Црна Гора десеткувана доаѓа во Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора десеткувана доаѓа во Скопје, откако селекторката Бојана Поповиќ се соочува со многу проблеми пред дуелот со Македонија в четврток во Скопје. Прв проблем за Поповиќ е откажувањето на двоецот од Кастамону, Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ кои нема да допатуваат во Скопје, но ќе бидат подготвени за реваншот во Никшиќ на 10. октомври.

Исто така во Црна Гора не допатувала и Ѓурѓина Маловиќ која поради повреда ќе биде надвор од тимот. Ќе недостигаат и голманката Марта Батиновиќ, како и Јелена Деспотовиќ, а од претходно се знаеше дека поради повреда овие два меча ќе ги пропуштат Ѓурѓина Јауковиќ и Катарина Џаферовиќ.

Првиот меч меѓу Македонија и Црна Гора ќе се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...