Црна Гора направи голем чекор кон СП, Франција ја „уништи“ Литванија

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора направи голем чекор кон учество на Светското првенство 2023 година откако вечерва славеше на гостувањето кај Чешка со 56-65 во меч од 9. коло во групата К од европските квалификации.

По првата четвртина која помина во егал (15-15), клучната разлика Црногорците ја направија во вториот период во кој на противникот му дозволија само осум поени, а на пауза заминаа со плус девет (24-33). Во вториот дел рутински го приведоа мечот до крај за конечни 56-65. Немања Радовиќ со 15 и Владимир Михаиловиќ со 14 поени беа најдобри во таборот на Црна Гора, додека кај поразените Хрубан заврши со 14 поени.

Во истата група Франција буквално ја понижи Литванија добивајќи ја на гости со 65-90 Французите буквално во сите четириесет минути беа подобар противник и на крајот заслужено стигнаа до триумф.

 

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 9. КОЛО: 

Чешка – Црна Гора 56-65

Литванија – Франција 65-90

Грција – Летонија 60-80

Естонија – Шведска 82-87

 

Се вчитува...