Црна Гора преку Србија до петтото место на СП во Јапонија

Репрезентацијата на Црна Гора ја совлада Србија со 28-26 и го освои петтото место на женскиот светски ракометен шампионат кој се игра во Јапонија.

Во првото полувреме беше видена голема борба, а по 30 минути игра Црногорките заминаа со минимално водство од 13-12. Во второто полувреме Црна Гора исто така го контролираше натпреварот за конечни 28-26. Раичевиќ и Рамусовиќ со по четири гола беа најдобри во победничкиот табор, додека кај Србија Стоиљковиќ мечот за заврши со шест гола.

И двете репрезентации обезбедија пласман на квалификацискиот турнир за учество на ЛОИ во Токио 2020, а таму ќе им се придружи и Шведска која во одлучувачкиот натпревар за седмото место ја декласираше Германија со 35-24.

Се вчитува...