Црна Гора се мачеше со Јапонија, Германија ја изненади и Холандија

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора потешко од очекуваното ја совлада Јапонија со 30-26 во првото коло од главната фаза на Светското првенство. Домаќинките покажаа дека се нималку наивен противник и успеаја да бидат достоен ривал на „фаворизираната“ Црна Гора која дури во финишот успеа да се одвои. Поранешната „Вардарка“ Јованка Радичевиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека Мајда Мехмедовиќ постигна пет. Кај Јапонките се истакна Фуџита со седум гола.

Младата репрезентација на Германија стигна до нова сензација откако успеа да ја совлада бронзената од минатото првенство Холандија со 23-25. Одличната игра во второто полувреме беше клучна за триумф на Германките, кои со оваа победа се на чекор до полуфинале на шампионатот. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Болк со шест гола, додека кај Холанѓанките Дуфлер со четири беше најефикасна.

Се вчитува...