Црна Гора со максимален учинок во следната фаза од ЕП

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора со максимален учинок од три победи во три натпревари се пласираше во следната фаза од Европското првенство 2022. Црногорките денеска славеа со 23-26 против конкурентот за врвот на групата „Д“, Полска.

Во изедначеното прво полувреме двете репрезентации го менуваа водството, а пресудно за победата на домаќинките беше серија од пет последователни голови на стартот на второто полувреме (13-18). Стекнатата предност црногорските ракометарки на крилја на својата публика не ја испуштија речиси до крајот, а подобриот финиш на Полјакинките им донесе само ублажување на поразот.

Признанието за игарч на натпреварот и припадна на поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ.

 

Се вчитува...