„Црни“ пет минути за Антиќ и Црвена звезда во Русија

Перо Антиќ и Црвена звезда го претрпеа вториот пораз во рамките од Евролигата, губејќи на гостувањето против Химки со 85-78. „Црвено-белите“ имаат за што да жалат бидејќи во првото полувреме беа подобар противник, но сепак му дозволија на домашниот тим да се приближи и на одмор да се замине со минимална предност на Црвена звезда од 43-44.

На самиот почеток од третата четвртина српскиот првак поведе со 42-46, но потоа следеа „црните“ пет минути за овој тим, Химки во овој период направи серија од 18-2, стигна до убедлива предност и на крајот забележа победа. Антиќ и соиграчите храбро се вратија во завршницата, стигнаа до четири поени негатива, но немаа сили за целосен пресврт.

Македонскиот кошаркар го заврши мечот со шест поени, четири скока и две асистенции, а најефикасни кај „црвено-белите“ беа Фелдин со 14 и Рочести со 13 поени. Најдобри поединци во редовите на Химки, за кого ова беше трета победа во низа, беа Андерсон со 24 поени и Швед со 18 поени и 9 асистенции.

Се вчитува...