Црногорците ликуваат: Ајде сега „плукајте“ што Новак не дојде кај нас

Главна тема во светот и понатаму се случувањата на „Адриа тур“ во Задар каде поголемиот дел од тенисерите, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ се заразија со коронавирус. Оваа тема денеска беше актуелна и на седницата на Собранието на Црна Гора, каде претседателот на Владата Душко Марковиќ призна дека е горд на цврстиот став да не дозволи организација на турнирот, без почитување на мерките.

„Се пишуваше во медиумите, излегуваа колумни, „мудреци“ на „фејбук“ дека Црна Гора направила грешка што не дозволила организација на турнирот. Не, тоа не е вистина. Ние дозволивме, но да биде се по правила. Не попуштивме ниту под притисокот да организираме турнир без мерки. Тогаш рековме дека здравјето на луѓето во Црна Гора ни е на прво место и денеска сме горди поради таа одлука“, изјави премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ. 

Прв заразен на турнирот беше Григор Димитров, а покрај него позитивни на коронавирус од тенисерите се Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Се вчитува...