Црвена Звезда го купи Мотика од Баерн

Црвена Звезда го договори трансферот на фудбалерот на Баерн Минхен, Немања Мотика. 18-годишниот левокрилен фудбалер кој има и српско државјанство, се сели во тимот од Белград за сума од 2 милиони евра.

Мотика играше во сите младински категории на „Баварците“, како и за вториот тим на Баерн.

Трансферот го потврди и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.

„Милан повторно купува од нас, а ние од Баерн. Европските големи клубови повторно ја почитуваат Црвена Звезда. Нашите играчи одат во Серија „А“ и шпанска „Примера“. Играчите веруваат на денешната Црвена Звезда, а тоа докажува дека најдобриот стрелец во Норвешка или најдобриот млад играч на Баерн сака во нашиот клуб“, изјави Терзиќ.

Се вчитува...