Црвена Звезда го постави Владан Милојевиќ за нов тренер

Српскиот клуб Црвена Звезда го претстави Владан Милојевиќ како нов шеф на стручниот штаб за следната сезона. Тој доаѓа на местото на поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, кој беше поставен за привремен тренер на тимот по заминувањето на Миодраг Божовиќ. Имаше најави дека ќе добие договор со 2019 година, но раководството на „црвено-белите“ се одлучи за Владан Милојевиќ, и за Митар Мркела како спортски директор.

„Не треба да се враќаме на тоа што се случи минатата сезона. Треба да изградиме систем и да гледаме напред. Во Црвена Звезда нема време за ниту еден стратег, се бараат резултати, и тоа ми е комплетно јасно. Јас верувам само во работа, и тоа ќе можам да го понудам. Не се расфрлувам со ветувања, не сум таков човек. Прво скокам, а потоа велам „оп“. Ќе се трудиме да ги оствариме целите на клубот“, изјави Владан Милојевиќ, новиот тренер на Црвена Звезда.

 

Се вчитува...