Црвена Звезда од очај до сјај и обратно – за минимален пораз во Хаифа, Бенфика го победи Динамо Киев (ВИДЕО)

Црвена Звезда го заврши со минимален пораз од 3-2 гостувањето против Макаби Хаифа во Израел во првиот натпревар од плеј-оф разигрувањето за Лигата на шампионите.

Белграѓани очајно го почнаа мечот со негатива, за да потоа со головите на Пешиќ и Канга во 27. и во 40. минута дојдат до предност од 1-2.


Но, во второто полувреме повторно лош период од играта за „црвено-црните“, па Израелците со два гола во 51. и во 61. минута дојдоа до триумф од 3-2, и предност пред реваншот во Белград.

Бенфика, пак, славеше со 0-2 на гостувањето против Динамо Киев со головите на Жилберто и Рамос уште во првото полувреме.

Во првиот денешен дуел, Карабах во Азербејџан ремизираше без голови со Виторија Плзен.

Се вчитува...