Кошаркарите на Црвена звезда се поразени на стартот од Евролигата и тоа пред своите гледачи од Жалгирис со 77:83.
Жешката атмосфера во белградска Арена, не ги исплаши кошаркарите на Жалгирис кои уште на стартот покажаа дека сезонава атакуваат на пласман на фајнал-фор турнирот.
Гостите ја добија првата четвртина со 21:28, но во втората четвртина конечно проиграа „црвено-белите“, ја анулираа негативата и на одмор заминаа со минимална предност 45:43.
Третата четвртина помина во израмнета игра, ниту една екипа немаше поголемо водство од пет поени со што победникот мораше да се решава во последните 10 минути.
Резултатската неизвесност беше присутна и во одлучувачката четвртина се до последните две минути кога играчите на Жалгирис постигнаа три поени од слободни фрлања за водство од 73:78, возврати Монеке, но во следниот напад Карсен Едвард погоди на 49 секунди до крајот за нови плус пет за Жалгирис кои на крајот се покажаа недостижни за „црвено-белите“.
Крис Џонс со 15 поени ја предводеше листата на стрелци кај Црвена звезда, додека кај Жалгирис, Вилијамс-Гос даде 14, а Едвардс и Валанчиунас по 13 поени.
Панатинаикос имаше сигурен старт на новата сезона, пред своите гледачи и предводен од Жељко Обрадовиќ со убедливи 91:72 го совлада Парис. Одлично деби во зелениот дрес имаше Силван Француско со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
