Црвената боја доминира во Париз, навивачите на Ливерпул го окупираа градот

Францускиот главен град Париз, вечерва е во центарот на вниманието во Светот, поради финалниот меч во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Фановите на двата тима веќе од вчера се во Франција, а веќе почнуваат да се загреваат за натпреварот кој почнува во 21 часот, и кој ќе го даде освојувачот на трофејот во најелитното европско натпреварување.

Како по обичај, Англичаните се многу побројни од Шпанците. Буквално навивачите на Ливерпул го окупираа главниот француски град. Според последните информации нешто повеќе од 70.000 навивачи на Ливерпул се дојде во Париз. Дел од нив вечерва ќе одат на стадионот, а дел ќе го гледаат мечот на видеобимови кои ќе бидат поставени низ градот, или во пабовите низ престолнината на Франција.

Се вчитува...