Цветаноски: Сигурен сум дека Брегалница ќе остане во Првата лига…

Екипата на Брегалница најрано од сите македонски прволигаши ги започна своите зимски подготовки, на 4. јануари. Клубот од Штип доведе неколку засилувања досега, а стратегот на Брегалница, Здравко Цветаноски смета дека со новите играчи, тимот ќе остане во Првата лига и покрај лошата есенска полусезона.

„Доведовме неколку квалитетни засилувања, кои сметам дека ќе ни бидат од голема корист. Во Штип ќе бидеме до 22. јануари, а после тоа заминуваме за Сандански, Бугарија. Таму ќе одиграме неколку пријателски натпревари, со цел играчите да влезат во натпреварувачки ритам. Верувам во квалитетот на мојот тим и сметам дека ќе останеме во Првата лига“ – истакна Цветаноски.

Нови членови на Брегалница се Бугарите Костадинов и Александров, Бразилецот Еденислон, а на екипата се приклучи и повратникот Дарко Стојанов. Управата на Брегалница води и преговори за ангажман на Никола Тонев и Ристе Наумов.

Се вчитува...