Цветановски го реши Шкупи, Работнички го слави Петковски, триумф и за Борец

Вардар никогаш не смее да се потцени, рече Дарко Глишиќ, и не погреши. И во реновиран состав, најтрофејниот македонски клуб е силен и успеа да го совлада Шкупи на арената „Тодор Проески“ со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „црвено-црните“ беше Матеј Цветановски во 52 минута. Тој шутираше откосо од левата страна, голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски, слабо реагираше и топката се оттркала во мрежата на гостите. Во завршницата, Мартин Мирчевски имаше одлична шанса за втор гол, излезе сам пред голманот Наумовски, но шутираше за малку непрецизно.


Работнички со три бода се враќа од Тетово и дуелот со Ренова. И „романтичарите“ славеа минимално, а стрелец на голот беше Петар Петковски во 78.минута. Тој добро се снајде во шеснаесетникот на гостите, беше повнимателен од Шала и ја затресе мрежата на Велии.

Борец во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Академија Пандев. Бразилецот Фернандо Силва во 70.минута донесе водство за велешкиот тим, а Никола Прелчец осум минути подоцна го постави конечниот резултат на овој меч.

Во Битола, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров ремизираа без голови. Вчера, Шкендија со 0-3 славеше против Беласица во Струмица, а Струга Трим Лум го совлада Силекс со 2-0.

ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКУПИ 1-0

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 0-1

БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0

ВЧЕРА

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-0

Табела: Шкендија 11, Силекс 10, Шкупи 10, Работнички 8, Борец 8, Струга ТЛ 7, Македонија ЃП 7, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.

 

Се вчитува...