Тухел: Лукаку и Вернер ќе се вратат по репрезентативната пауза во ноември

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, даде свое очекување за враќањето на напаѓачите Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, кои се опоравуваат од повредите.

Оваа сезона, Лукаку одигра 11 натпревари за Челзи, постигнувајќи 4 гола и 1 асистенција. Вернер на 10 натпревари има 2 гола и 1 асистенција.

„Кога ќе се вратат Вернер и Лукаку? Најреална опција е по паузата за меѓународни натпревари во ноември. Што се однесува до Кристијан Пулишиќ, тој ќе биде вклучен за мечот со Барнли, ако сè оди добро за него”, рече Тухел.

Се вчитува...