Гезтепе го враќа Јаховиќ, преговара и со Давид Бабунски

Турскиот второлигаш Гезтепе, почнува преговори за ангажман на повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски. Турската екипа е сериозно заинтересирана да го доведе играчот од средниот ред, кој е слободен агент откако Мезоковешд се раздели од него на почетокот на оваа година.

Давид Бабунски исто така е мета на унгарски и шпански клубови, меѓутоа Гезтепе е фаворит за неговиот потпис, и неговата следна дестинација ќе се знае во следните неколку дена.

Бабунски во минатото беше дел од Дебрецен, Виторул, Ботошани, Омија, Јокохама, Црвена Звезда. Беше член на школата на Барселона, популарната „Ла Масија“, но никогаш не успеа да заигра во првиот тим на „Каталонците“.

Во Гезтепе во минатото со успех дресот го носеше Адис Јаховиќ, кој сега игра во Бодрумспор. Но, и тој е пред враќање во Гезтепе, третпат во неговата кариера. Екипата во моментов е на 11. позиција во втората турска лига, со мали шанси да избор одново место во турската „елита“.

Се вчитува...