Турските великани пред банкрот – астрономските долгови од ден за ден се поголеми

Благодарение на огромните финансиски вложувања во спортот, во последните години турските клубови се наметнаа како едни од најпријатените изненадувања во спортскиот свет. Од фудбалот и кошарката па се до одбојката, великаните како Бешикташ, Галатасарај, Фенербахче и Тразбон го најдоа излезот во Европа, но сега пандемијата на коронавирус го зема данокот и во евроазиската држава, а последните информации се фрапантни.

Oфицијалниот долг на фудбалскиот клуб Бешикташ изнесува неверојатни 390 милиони евра, што е за 100 милиони евра повеќе во однос на долгот на клубот објавен во септември 2019 година. Инфорmaциите се навистина поразувачки, а мора да се земе во предвид и дека играчи како Пепе и Алваро Негредо бранејќи ги боите на „црно-белите“ заработувале и до осум милиони евра годишно.

Бешикташ не е ниту лидер во долговите со оглед на тоа што според последните проценки од почетокот на оваа година, долгот на Фенербахче изнесува околку 600 милиони евра. Галатасарај е во малку подобра позиција од „црно-белите“, а во оваа „графа“ влегува и Тразбон со долг од 137 милиони евра. Кога ќе се соберат долговите на четирите најголеми клубови во Турција, истите се искачуваат на неверојатни 1.6 милијарди евра.

Се вчитува...