Турците ослабени во Битола на мегдан со Македонија

Репрезентацијата на Турција ќе биде ослабена за претстојното гостувањето во Битола против Македонија, на стартот од квалификацискиот циклус за ЕП 2021. „Црвено-жолтите“ новите квалификации ги почнуваат со две средби со аутсајдерите во групата (Турција дома, па Грција на гостински терен), а на премиерниот натпревар не би требало да имаат никакви проблеми против Турција, селекција што е предалеку од европската ракометна елита.

Гостите ќе пристигнат во Битола дополнително ослабени поради неиграњето на Рамазан Доне, одличниот „бомбардер“ на Бешикташ кој е клучен играч на турскиот првак, но овојпат не се најде на списокот на селекторот Шентурк. Покрај десниот бек Доне, во тимот на Турција ќе нема уште еден ас на Бешикташ, пивотот Толга кој исто така важи за еден од клучните натпревари во оваа селекција.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција ќе се игра на 25 октомври во салата „Младост“ во Битола.

Се вчитува...