У-15: Пораз и на вториот тест од Албанија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години загуби и на вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Албанија.

По поразот на првиот контролен дуел во Корча од 4-1, избраниците на Горан Станковски загубија и на вториот тест, овој пат со 0-2 на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Стрелци на головите за Албанците беа Албион Ќорај во 60. минута и Сантјаго Перкола во 70. минута.

Се вчитува...