У-17: Девојките по седум години запишаа прва победа во еден квалификациски натпревар

Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години по цели седум години запиша прва победа во еден квалификациски натпревар.

Девојките на Катерина Милеска во претквалификациите за ЕП во групата Б кои се играат во Талин, славеа против Молдавија со убедливи 4-0. Панеска во 8 минута од пенал, Настовска во 14 минута, Села во 78. минута и на крајот повторно Панеска во 82. минута беа стрелци во победата на Македонија.

Претходно Македонија загуби на натпреварите од Украина и од Естонија кои завршија на првите две позиции во групата.

Се вчитува...