У-17: Убедлив пораз на македонските девојки во претквалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години загуби со убедливи 5-0 од Естонија во вториот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за ЕП.

Естонките триумфираа со погодоците на Таркмел во 12. минута, Лилемец во 14. минута, Салеи во 45. и во 78. минута и Орлова во 45. минута.

Во првиот меч од оваа група, Македонија претходно загуби од Украина со 3-0.

Се вчитува...