У-18: Катастрофална втора четвртина за пораз на Македонија од Естонија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го претрпе и петтиот пораз на Европското првенство во Б-Дивизија откако загуби од Естонија со 66-57. За разлика од претходните натпревари овој пат нашите претставнички одиграа конурентно против противникот во поголемиот дел од мечот, но скапо ги чинеше втората четвртина во која запре нападот.

По изедначената игра во првата четвртина (17-17), македонските кошаркарки одиграа лошо во нападот до крајот на полувреме до кое постигнаа само седум поени, а примија 17 за двоцифрена негатива на полувремето (34-24). Второто полувреме донесе подобра игра на „црвено-жолтите“, но и покрај тоа што ја вратија едноцифрената негатива, не запретија на водството на Естонките.

Со 21 поен и 6 скока прво име во редовите на Македонија беше Мартина Маркоска. Неа ја следеа Михаела Алексоска со 12 поени и 8 скока, односно Марија Николов со 12 поени и 4 скока.

По денешниот пораз на нашите кошаркарки им преостанува битката за избегнување на дното на табелата.

Се вчитува...