У-18: Пораз од Бугарија, но македонските девојки со многу подобро издание на „Челинџерот“ во Софија

Македонската репрезентација за кошаркарки до 18 години ја прикажаа својата најдобра игра на ФИБА „Челенџерот“ во Софија, иако загуби од домаќинот Бугарија со 55-64.

Добрата игра уште од стартот на натпреварот, беше јасен сигнал дека нашите јуниорки го заборавиле претходниот натпревар, оној против селекцијата на Словенија. Во дуелот со домаќинот на турнирот, избраничките на селекторот Јелена Антиќ, покажаа дека се подготвени да одиграат добри 40 минути.

По негативата на полувремето (29-38), девојките ја одиграа најдобрата четвртина на турнирот во Софија. Ја решија во своја корист со (17-11), за негатива од три поени (46-49) на влезот во последната четвртина. Следеше рамноправна игра, но во финишот Бугарките беа поконцентирани за конечна победа.

Утре е слободен ден на собирот во главниот град на Бугарија. Продолжуваме во сабота, од 13 часот, кога против Албанија ќе се „брка“ првата победа.

Се вчитува...