У15: Младите кошаркари замрзнаа на „-71“ против Турција

Македонската репрезентација за кошаркари до 15 години доживеа катастрофален пораз од селекцијата на Турција со неверојатни 71 поен разлика, откако „црвено-жолтите“ загубија со 110-39. Станува збор за меч од турнирот што се одржува во Романија, на кој македонските кошаркарски надежи одиграа очаен натпревар, претрпувајќи го еден од најубедливите порази на било која машка македонска селекција.

Претходно, во рамките од првото коло У15 селекциајта на Македонија славеше над Косово со 76-41, а по поразот од Турција следеше уште еден неуспех, овојпат од Бугарија со 61-70.

На турнир во Романија се наоѓа и селекцијата за играчи до 18 години, која ја совлада најдобрата романска селекција на оваа возраст со убедливи 82-67, но потоа неочекувано загуби од Б-тимот на домаќинот со 73-67. Во рамките од третото коло нашите млади кошаркари благодарение на одличното издание во последната четвртина (26-13) ја совладаа Бугарија со 76-63.

Се вчитува...