У16: Македонија е 12. во Европа, пораз од Израел за крај

Кадетската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското Првенство во Удинезе на 12. место, откако во денешниот последен меч „црвено-жолтите“ беа поразени од Израел со резултат 83-72. Стануваше збор за дуел со ривал со кого Македонија се сретна и во групната фаза, но за разлика од тој меч што беше решен дури по три продолженија, овојпат Израелците до триумфот дојдоа за 40 минути игра.

Слично како и на првиот меч, двете селекции израмнети по квалитет се менуваа во водство во првото полувреме. Македонските кадети заминаа на одмор со минимални 39-37, по што го контролираа резултатот и во третата четвртина. Сепак, кобна за нашите млади кошаркари повторно беше последната четвртина што Израелците ја добија со убедливи 25-11, за триумф на овој натпревар.

Филип Наков со 20 поени беше прв стрелец на денешниот последен меч, 11 поени реализираше Митревски, а по 10 Петков и Мемед.

Целта е остварена со опстанокот во елитното друштво, а останува надежта дека следните генерации што доаѓаат на идните шампионати ќе остваруваат уште подобри резултати во А-дивизијата.

Се вчитува...