У18: Младите кошаркари ја декласираа Австрија

Јуниорската репрезентација на Македонија одигра одличен меч и заслужено славеше на контролата против Австрија со преубедливи 73-44, како загревање за европскиот шампионат за играчи до 18 години што ќе се одржи во Скопје.

Избраниците на селекторот Милевски одиграа импресивен меч, од првата минута го диктираа темпото и заслужено стигнаа до конечни „плус 29“. Првата четвртина заврши со 16-6, а најдобар доказ за одличната одбрана е фактот дека противникот беше задржан под 50 постигнати поени.

Димитриев со 13 поени беше најефикасен во нашиот состав, Какруки постигна 12, а Стојановски го заврши натпреварот со 10 поени.

Македонските јуниори веќе утре ги очекува нов контролен дуел, овојпат против соодветната селекција на Романија, која денеска загуби од Бугарија со 87-67.

Се вчитува...