У20: Убедлив пораз на младинците од Унгарија

Каде ни се наоѓа младинската кошарка во моментов доволен доказ беше и денешниот пријателски натпревар што генерацијата на играчи до 20 години го одигра во Скопје против Унгарија. Иако за ривал немавме реномирана селекција, нашите млади кошаркари беа надиграни од страна на Унгарците и на крајот загубија со убедливи 50-67.

Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме, по катастрофалната втора четвртина што гостите ја добија со 6-22, па на одмор заминаа со убедливи 22-41. Преостанатите 20 минути минаа во израмнета игра во која Унгарија знаеше како да ја одржи предноста, разликата во ниту еден момент не се спушти под десет поени, за заслужен пораз на нашиот младински национален тим.

Ефремовски со 12 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во македонскиот табор (4/10 за тројка), а по седум поени постигнаа Тодоровски и Михајлоски.

Се вчитува...