Најдобриот грузиски тенисер, Николос Басилашвили е уапсен во својата земја. Тој е обвинет дека ја претепал сопругата. Веднаш бил пуштен со кауција, но наскоро го очекува сослушување пред судија по што ќе биде позната казната.
„Со истрагата е утврдено дека на 21. мај Н.Б. во селото Авкала близу Тбилиси извршил физичко насилство врз поранешната сопруга Н.Д.“ – соопштија од обвинителството на Грузија.
За ова дело се предвидува затворска казна од една до три години, или казна со друштвена работа во траење од 200 до 400 часа. Басилашвили во моментов се наоѓа на 27-та позиција на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА