Уапсен Рајан Гигс: Ја претепал својата девојка

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс е уапсен вчера во својот дом во Ворсли. Полицијата во утринските часови го привеал актуелниот селектор на Велс, а неговите соседи останале шокирани од глетката на апсењето на Гигс.

Англиските медиуми пренесуваат дека е уапсен под обвинение за физички напад на својата девојка, Кејт Гревил.

46-годишниот Гигс бил испитуван неколку часови за случајот, по што е дополнително задржан во 24-часовен притвор.

„Полицијата реагираше по добиен повик дека Гигс и нанел сериозни физички повреди на својата девојка. Поради тоа е уапсен, а дополнително ќе има официјално соопштение“ – информираше шефот на полицијата од Манчестер.

Се вчитува...